Поставена е првата Агрометеоролошка станица во општина Виница во место викано ,,Панек,, за заштита на земјоделските култури и животната средина.Ова е една од 11 Агрометеоролошки станици поставени во Источно Планскиот регион.
Донатор е Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа. Со оваа станица параметеите кои ќе бидат мерени се следниве:- температурата и влажноста на воздухот; – брзина и правец на ветер;- количина на дожд;- соларна радијација;- влажност на лист;- температура на почва;- влажност на почва.

Од оваа Агрометеоролошка станица земјоделците може да се користат показателите за начинот на користење на земјата, вид и број на единица земјоделска површина, интензивност во користење на водата, количина и биланс на хемиски ѓубрива, како и производство и добивка на земјоделските култури.
gradina.mk Gradina