Копривата (Urtica dioica) води потекло од Европа, Азија, Северна Африка и Северна Америка. Ова е билка која е многу слична со спанаќот.
Има голем корен, а стеблoто стои исправено кое може да достигне височина до 1,5 метри. Листовите се со срцест облик и зашилени на врвовите.
Се оплодуваат преку ветер, а плодот е мал и едносемен. Копривата најчесто се гледа покрај патиштата, оградите и на запуштените места.
Коренот и листовите се лековити. Коренот може да се користи во текот на есента, листовите на пролет, а стеблото преку целата година. Како лек се користи за чистење на крвта, против опаѓање на косата, зрачењата, чир на желудникот, несоници и нервози. Богата е со белковини, јаглени хидрати, маси, калциум, фосфор, витамините С, А, Б2 и К, каротин, пантотенска киселина.