19.12.2025
Почетна / Градина / Градината во август

Градината во август

Градината има потреба од грижи и одржување во текот на целата година. Она што најмногу во моментов може да ни биде од корист за месец август се следниве совети:

Доколку забележите дека флоксијата е прецутена, исчистете го од прецутените цветови, за да се избегне ширење на семето и малку поткопајте го местото местото, за да може да расцути растението и во есен.

Проверете дали ирисот нема штетници.

Исечете ги прачките на малините и капиновата грмушка, кои имаат дадено плод оваа година.

Ако сте земале порано резници од од азалијата и абелијата, држете ги уште извесно време на ладно и на сенка, додека да ви пуштат коренчиња.

Ако сте направиле расад на некои растенија, не дозволувајте почвата да се исуши. Знајте дека веќе е доцна за фертилизација на розите и листопадните зимзелени растенија.

Проверете ги темелно листата на азалијата од долната страна. Можно е да ги зафатиле инсекти. Напрскајте ја со соодветен препарат.

Соберете ги и изгорете ги изгниените или оштетените листови на ружата. Ако сакате да имаат големи цветови, отстранете некои од мозолчињата.

Следете ги внимателно зелката и другите зелени зеленчуци од инсекти кои се хранат со лисјата. Напрскајте ја со соодветен препарат односниот дел или директно отстранете ги.

Сеуште можете да засадите во вашата градина семе на ротквица и спанаќ, за подоцна жетва.

Сега можете да купите луковици од Божур и полека да почнете со садење. Загниените листови на розите задолжително соберете ги и изгорете.

Ако семето на делфиниумот е доволно зрело можете да ги засадите овој месец. Така ќе има доволно време да се развијат релативно големи растенија, кои ќе преживеат во зима.

Резниците кои имаат издадено корени, можете да ги засадите штом за нив се појават нови листови.

Испрскајте ги праските, откако ќе ги оберете, за да ја спречите болеста на листовите, кои остануваат по гранките.

Можете да земете резници од здравецот.

Види

Спанаќот е одличен избор за здрава исхрана

Спанаќот (лат. Spinacia oleracea) е лиснат зеленчук кој е многу популарен за одгледување во есенските …