02.05.2024
Почетна / Градина / Вести / Уметник три недели седел на јајца, се испилиле 10 пилиња

Уметник три недели седел на јајца, се испилиле 10 пилиња

Францускиот уметник Абрахам Поеншевал, ва рамките на еден од неговите перформсанси, три недели седел на јајца од кокошки затворен во стаклен терариум во парискиот музеј на модерна уметност, при што се испилиле десет пилиња, пишува а1он.мк.

Кога кон крајот на март, одлучил да се претвори во „кокошка“, уметникот се покрил со ќебе и почнал да „седи“ на јајцата, очекувајќи дека пилињата ќе излезат за 21 до 26 денови.

Поеншеван направил добра проценка. Првото пиле се испилило во вторникот, а останатите девет во четвртокот.

Види

Како да направите домашен јаболков оцет

Зрели и паднати јаболка, непогодни за потрошувачка или друга обработка, обично се користат за оваа …