20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто треба да јадеме спанаќ?!

Зошто треба да јадеме спанаќ?!

Спанаќот (Spinacia) е род на растенија растенија од семејството на ротквица „Amaranthaceae“. Како лист зеленчук се одгледува „Spinacia oleracea“.

Листовите се богати со протеини, железо и калциумови соли и витамин A, B1, B2, C (аскорбинска киселина) и PP.

Спанаќот е едногодишен лисест зеленчук. Тој е познат како „крал на зеленчукот со хлорофил” од причина што изобилува со минерали и витамини, а листовите содржат големо количество на хлорофил.

Изобилува со витамини и минерали, а доволен доказ за тоа дека спанаќот е корисен буквално за секој орган и процес што се одвива во човечкиот организам. Во 100 грама спанаќ има околу 1400 милиграми минерални состојки. Додека му се листовите млади се јаде и суров како салата.

Содржи 4,1 мг железо и ако претходно се мислело дека содржи многу повеќе, но суров има и калиум и магнезиуми поголема количина на витамини А и Ц. Од март до мај е највкусен бидејки тогаш листовите се млади. Препорачливо е спанаќот да се консумира свеж, направете си салата со малку маслиново масло и лимон. Еднаш сварен спанаќ немојте да го подгревате, бидејки додека стои на воздух му се менува содржината па настануваат штетни нитрити.

Овој зеленчук се користи при лекување на радиолошка болест. Редовно присуство во исхраната ја спречува појавата на малигни заболувања. Спанаќот ја подобрува работата на панкреасот и се апсорбира многу добро од организмот. Листовите се користат при болести на нервниот систем, анемија, дијабетес мелитус, гастритис и други. Не се препорачува на болни од гихт и камења во бубрезите. Спанаќот е идеален при режим на исхрана за обнова по долго боледување.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …