Почетна / Градина / Зошто поточарката може да биде најдобрата намирница ?

Зошто поточарката може да биде најдобрата намирница ?

Запира и намалува оксидативен стрес, ја прочистува крвта, поттикнува апетит, го чисти телото од отрови – тоа се само некои од предностите на супербилката.

Поточарка е често заборавена билка за која експертите веруваат дека е најздрава на светот. Станува збор за зеленчук кој содржи бројни есенцијални витамини и минерали како што е железото. Истражувањата тврдат дека оваа билка содржи повеќе железо од зпанаќот и повеќе витамин Ц од некои други намирници.

Поточарката е позната како една од најстарите билки која многу стари народи ја користеле во исхраната и во лекувањето на здравствените тегоби, а неодамна официјалното меѓународно истражување ја прогласи оваа лисната зелена билка за моментално најздравиот зеленчук на планетата, односно за намирница број 1.

Поточарката го стопира и намалува оксидативниот стрес и го засилува антиоксидативниот ефект.

Влијае врз размената на хемиските соединенија во нашиот метаболизам и ги регулира пореметувањата кои настануваат.

Види

Прекрасни примери за користење на бели камења за дизајнот на вашиот двор (Видео)

Белите камења од многу различни големини може да станат вистинска декорација во градината и дворот …