19.04.2024
Почетна / Uncategorized / Зошто мушмулата е толку корисна

Зошто мушмулата е толку корисна

Од длабока древност мушмулите се користат за храна и лекови. Според историските податоци, плодот бил култивиран уште 1000 години п.н.е. во Кина и Азија.

Дивите мушмули биле позната и на древните Тракијци. Денес плодот се одгледува во најголеми количини во Калифорнија (САД), Јапонија, Шпанија, Јужна Франција и Италија.

Содржината на плодот вклучува големо количество скроб, целулоза, пектинови материи и органски киселини (преовладуваат јаболковата, лимонската и винската, а поради започнатата ферментација, има и оцетна).

Од шеќерите во плодот се содржат фруктозата и глукозата, правејќи ги мушмулите соодветна храна за дијабетичари.

Витаминскиот состав вклучува витамин Ц, каротин, витамин Б1 и Б2. Плодот содржи и минерални соли – калиум, калциум, фосфор, магнезиум, железо и натриум. Хранливата вредност на мушмулите е еднаква на онаа на јаболката и крушите.

Сега е познато дека плодот делува стимулативно на жлездите со внатрешно лачење и се препорачува при слабеење на нивните функции. Мушмулите даваат и смирувачки ефект на нервниот систем.

Најпопуларната примена на плодот е поради зајакнување на функцијата на дебелото црево и подобрувањето на варењето.

Доброто лековито дејство на мушмули се поврзува со танините од плодот. При акутно гастроинтестинално нарушување е пожелно да се направи напивка од незрели плодови и семе. Слична напивка се препорачува и кај мочната-камена болест.

Зрелите плодови имаат нагласено диуретично дејство и се соодветно лековито средство при воспаление на бубрезите и уринарниот тракт.

Присуството на големо количество органски киселини во плодот помага активностите на црниот дроб и на жолчката, да влијае на нормалните функции на циркулаторниот и нервниот систем.

Рецепт за напивка со листови од мушмули:

Дваесетина лисја, попарете ги со 500 мл врела вода и варете 10-12 минути. Напивката се цеди и се остава да се излади. Со неа се жабури 3 пати дневно, а надворешно се користи за подмачкување на воспалена кожа со натопен памук.

Види

Која е најпродаваната габа во светот?

Светскиот пазар на печурки ќе се проширува во просек за 9,5% секоја година, достигнувајќи 50 …