20.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто мажите треба да јадат тиквички секој ден

Зошто мажите треба да јадат тиквички секој ден

Тиквичките се одлична храна, посебно за луѓето кои сакаат да ослабнат.

Имаат малку калории, го исполнуваат желудникот и даваат чувство на ситост. Богати се со витамините Б и Ц, манган и калиум, а повеќето од нив се наоѓаат во кората, пишува Македонија Денес.

Тиквичките се препорачуваат секој ден, бидејќи редовното консумирање може да го регулира варењето на храната, да спречи запек и да ги исчисти цревата од отрови, како и да го намали холестеролот.

Тиквичките делуваат превентивно на рак на цревата, срцев и мозочен удар, атеросклероза.

Добрата вест за мажите е дека редовното консумирање на тиквички помага во намалување на симптомите на зголемена простата, но, исто така, го стимулираат и либидото.

Посебно се препорачуваат за мажите, да ги консумираат секој ден, барем во текот на сезоната.

Тиквичките се богати со витамин Ц, повеќе од една третина од препорачаната дневна количина, така што ова е уште една причина целото семејство да ги консумира секој ден.

Тие се добри за здравјето на очите, посебно ги штитат очите од оној тип на оксидативно оштетување кое предизвикува болести како што е катарактата на пример.

Овој зеленчук содржи и пектин кој превентивно делува против дијабетес, го чува нервниот систем и помага во борбата против стресот.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …