Почетна / Градина / Зошто компирот е здрава суперхрана

Зошто компирот е здрава суперхрана

Научниците го најавија компирот како супер храна, полна со витамини, минерали и хранливи материи.

Компирот е повеќе корисен за телото од многу традиционални супер хранива, како банани, брокула, цвекло, ореви и авокадо, открија британските научници. Тие откриле дека луѓето погрешно го игнорираат компирот за сметка на модерните и поскапите алтернативи.

Компирите содржат 5,5 пати повеќе влакна од просечните банани и се полни со повеќе витамин Ц отколку во три плодови авокадо.

Во 2011 година друго научно истражување покажа дека консумирањето на компири два пати на ден може да го намали крвниот притисок и тоа нема да доведе до непотребно дебелеење.

Истражување од 2012 година, исто така, утврди дека компирот содржи поголемо количество од минералот селен отколку што просечните деца го добиваат од сите семиња и јатки кои ги консумираат.

Види

Како да исечете диња на убави коцки (Видео)

Дејвид Бишоп во еден од своите видеа демонстрира како без многу мака можете да ја …