25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Зошто е корисна брокулата

Зошто е корисна брокулата

Брокулата е од родот „Brassica“ и постои најмалку 2000 години. Потекнува од Италија и претставувала омилена храна на Римјаните.

Овој зеленчук, во последните 25 години постигна тројно зголемување на потрошувачката. Во Америка е најпродаваниот зеленчук и најчесто се произведува во Калифорнија. Комбинацијата на хранливи материи успешна во борбата со канцер.

Во 1992 година истражувач од “Jonhs Hopkins” универзитетот од Америка го објавил своето откритие дека состoјките во брокулата не само што го спречуваат развојот на канцер во 60% од истражуваните групи, туку и ја намалува големината на канцерот кој бил развиен и до 75%.

Придонесува и за зајакнување на имунолошкиот систем, го поткрепува кардиоваскуларното здравје, учествува во градењето на коските и се бори против проблеми во бременоста и породувањето.

Според нутритивната вредност во 100 грама брокула се содржат само 28 калории, 3 грама протеини. Од дневните препорачани дози содржи 67% витамин С, 20% витамин А и дури 110% витамин К. Покрај тоа содржи повеќе хранливи материи со моќни анти-канцер својства, мало количество селен, тиамин, рибофлавин, калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, диететски влакна, фолати и манган.

Брокулата (трупот, главата, листовите и нерасцветани цветчиња) може да се јаде сирово или варено. Може да ја чувате во отворена пластична ќеса во фрижидер.Тоа ќе ја избегне влагата и ќе спречи создавање на мувла. Може да се чува до пет дена. Брокулата може да се подвари и замрзната да се чува во фрижидер до една година. Брокулата е многу осетлива на етилен, гас кој го создаваат некои овошја и зеленчук. Гасот го забрзува процесот на стареење на брокулата, затоа брокулата не треба да се чува блиску до јаболка, банани, моркови, кајсии, диња, киви, манго, праски, круши, домати.

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …