19.04.2024
Почетна / Градина / Зошто доматите го губат вкусот во фрижидерот

Зошто доматите го губат вкусот во фрижидерот

Бројни специјалисти за исхрана препорачуваат доматите да не се чуваат во фрижидер. Сега оваа теза го има и своето научно објаснување.

Научниците докажале дека при чување во фрижидер, на црвените плодови некои од гените престануваат да произведуваат ароматични материи, соопштија американските медиуми.

Ако доматите се чуваат под 12 степени Целзиусови, формирањето на важни состојки запира, тврдат научниците, кои ги побарале генетските корени на проблемот.

Ова го намалува нивниот мирис, без разлика дали се оладени во куќи или во магацин, пред да стигнат до продавница.

Откритието ќе им помогне на професионалците да ги одгледуваат доматите, чиј вкус не страда од ладењето рече Дениз Тајм од Универзитетот на Флорида во Гејнсвил. Заедно со колегите во Кина и САД, таа утврди дека седум дена чување кај 4 степени Целзиусови се доволни доматите да престанат да ги произведуваат материите кои го обезбедуваат карактеристичниот нивни мирис, кој е клучен за нивниот вкус. Ако потоа бидат оставени три дена на собна температура, штетата не се компензира.

Ако доматите се чуваат на ладно до три дена, сепак, тие не ги губат нивните мирисни материи.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …