29.03.2024
Почетна / Градина / Зоолошката градина во Скопје доби бела лавица (Фото)

Зоолошката градина во Скопје доби бела лавица (Фото)

Денеска во ЗОО Скопје пристигна нова жителка- лавицата Бела од видот бели лавови. За десет дена ќе пристигне и мажјак со кој ќе живеат заедно. Во прилог ви испраќам информации за Бела. 

Белата лавица Бела е новата жителка на Скопје ЗОО

Од Ходенхаген, Германија пристигна  лавицата Бела, млада женка која припаѓа на видот бели лавови. За неколку дена, во Скопје ќе пристигне и белиот лав Чака од Амневил, Франција со кој заедно ќе живеат во пространо живеалиште адаптирано за нивните потреби.  Белите лавови се еден од најзагрозените видови во светот, а во природата се речиси во истребување, поради масовниот лов, но и нивната отежната репродуктивност.

„За првпат во Скопје, но и нашата држава ќе има бели лавови. Планираме да донесеме и бели тигри, како и други бели животни кои се доста ретки. Градот вложува, а Европа се залага што побргу нашата зоолошка да биде европска и што поубаво уредена за животните. Ние сакаме годинава да достигнеме максимална посетеност на Скопје ЗОО”- изјави директорот Ѓорѓи Галетановски. 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …