Почетна / Градина / Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“- Проект за разубавување на Скопје Зоо, како и живеалиштата на животните

Зоолошка со кампања „Креирај и донирај“- Проект за разубавување на Скопје Зоо, како и живеалиштата на животните

Зоо Скопје започнува со кампања за разубавување на зоолошката, како и збогатување на реквизитите за животните (enrichment). Секој кој е креативен, сака животни, или пак поседува нешто кое може да го подари е добредојден да помогне. Графитџии кои би ги разубавеле ѕидовите, уметници кои би ги развеселиле патеките, скулптори кои би ни направиле статуетки животни, креативци кои би изработиле играчки и реквизити за животните, општествено одговорни компании кои би донирале алат или други средства за одржување на зоолошката, одгледувачи кои би подариле цвеќе и дрвца, хуманитарци на кои веќе не им се потребни старите транспортери и кафези за мали животни… Сите сте добредојдени!
Ајде заедно да ја разубавиме Зоолошка градина Скопје. Затоа што е наша, заедничка на сите!

Кампањата ќе трае до 30 март, а секој кој ќе придонесе за новиот имиџ на Зоолошка ќе добие табличка со своето име на ѕидот на пријателите и помагачи на Зоо Скопје.

Доколку ви се потребни креативни идеи за изработка на enrichment, има илјадници на Pinterest.

Доколку сакате да креирате и донирате, јавете се на 070/688-014

Споделете ја оваа објава, можеби и некој ваш пријател ќе сака да се вклучи во кампањата.

Види

Величествен изглед на вашата куќа: Идеи со ѕидни огради

Погледнете неколку идеи со ѕидни огради: