17.05.2025
Почетна / Градина / Лек / Змиско млеко (Chelidonium majus L.)

Змиско млеко (Chelidonium majus L.)

Змиското млеко, жолтеничето или жолтата млечка растат низ целата земја во шумите и влажни места, грмушките и напуштените земјишта.

Корисен дел се надземните делови на растението, кои се берат и сушат за време на цветањето. Сушењето е најдобри да се одвива на сенка или во машина за сушење при 45 °С.

Во својот хемиски состав растението содржи изохинолинови алкалоиди, флавоноиди, органски киселини, витамин Ц и др. Присуството на различни алкалоиди го стимулира создавањето и лачењето на жолчката, и ја засилува цревната перисталтика.

Растението ја стимулира и функцијата на црниот дроб. Некои дејството на Змиското млеко го споредуваат со тоа на морфиум, бидејќи има смирувачко дејство. Но, ова растение не создава зависност. Се користи при црнодробни и жолчни болести (жолчни камења, песок, жолтица), при гастритис, дијареа, пречки во варењето на храната.

Во народната медицина растението се употребува при глисти, гихт, хемороиди, нередовна менструација и др. Има податоци дека свеж сок влијае поволно кај псоријаза, егземи, рак на кожата, брадавици и др.

1 лажица од растението се попаруваат со 300 мл врела вода. Така требада отстои околу 1 час. Се прецедува се и се пие по 1 лажица пред јадење 3 пати дневно. Внимание! Билката спаѓа во високо токсичните и може да се употребува само по рецепт на лекар!

Види

Кои се придобивките на џвакање саќе со мед

Со џвакањето мед од саќе составен од восок, во нашиот организам допираат биолошки активни материи …