29.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Зимата сеуште трае: Еве каква промена на времето не очекува од утре

Зимата сеуште трае: Еве каква промена на времето не очекува од утре

Како што и самите гледате се наоѓаме под влијание на многу топла воздушна маса од југ, што придонесува да имаме надпросечно високи температури како за овој дел од годината. А ваквата временска состојба ќе не послужи и во текот на утрешниот ден како и во првата половина од денот вторник, за потоа синоптичката состојба да почне да се менува над нашето подневје. Максимумот ќе се движи од +11 до +19 степени.

Во вторник попладне како што ќе ни се приближува студениот атмосферски фронт, кој е во склоп со промената ќе започне да ни носи наоблачување а до крајот на денот и бран врнежи од дожд, а на планините од снег.

Во текот на ноќта према вторник како и во денот среда преку нашата територија ќе започне да се транспортира студен атмосферски фронт од северозапад и север што ќе ни овозможи да имаме наоблачување, врнежи од дожд и снег на пониските места како и врнежи од снег на повисоките места и планините.

Она што е актуелно на прогнозистичките модели, е тоа што за разлика од вчерашниот ден тие денес го зголемија интензитетот на врнежи како и неговата распространетост. Штом ќе навлезе фронотот и со самото опаѓање на температурите снег ќе имаме и во некои низини ширум земјава. Повеќе изгледи за снег барем од сега гледано би требало да имаме ширум западна, северозападна и локално југозападна Македонија, како и планините и некои планински подрачја, каде ќе се формира и снежна покривка. И сето ова би можело да биде проследено со засилен северен ветер, што на планините и некои повисоки места би можеле да имсме дури и можност за снежни навеви или наноси. Температурата нагло ќе опадне, во споредба од оние што ги имавме деновиве.

Фронтот ќе биде брз но би рекол интензивен, и истиот ќе биде краток што зад себе тој ќе ни остави значително постуден воздух, а од четврток па натака би требало да настапи и стабилизација на времето но со постудено време.

Како и да е топло уште два дена, а потоа зимата ќе не посети колку толку, односно доволно да ни спомне дека се уште не е завршена. И ќе донесе локално типични зимски услови, онакви какви што доликува за овој дел од годината. Се следи состојбата нови детали секако наскоро.

Временската прогноза ја подготви Денис Мухиќ

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …