Жолтиот афион или мак расте на напуштени камени и суви тревни места. Корисен дел му се надземните делови кои се берат за време на цветањето и се сушат на сенка или во машина за сушење алишта.
Содржи изохинолинови алкалоиди. Надземниот дел на жолтиот мак поседува нагласена противокашлична акција. Тој е опиев алкалоид, но не се навикнува кон него.
Дејството на глауцинот е подобат од тој на кодеинот, бидејќи не создава привикнување и запек. Глауцинот има, иако краток, хипотензивен ефект (го намалува крвниот притисок).
Се користи кај болести на респираторниот систем, придружени со кашлање бронхитис, бронхопневмонии, пневмонии, бронхиектазии и др.
Растението се користи само со препорака на лекар!