07.12.2023
Почетна / Градина / Вести / Живот без очила со помош на магдонос и кората од вишна

Живот без очила со помош на магдонос и кората од вишна

Пијалок од магдонос и кората од стеблото на вишната ќе ви помогнат да го подобрите видот, под услов ако сте трпеливи и да пиете секојдневно. За жал многу луѓе имаат проблеми со видот. Повеќето гледаат заматено или погледот им е премрежен.

Единствено решение е ставањето на очила или леќи, за да може да читате или гледате телевизија без да чувствувате тешкотии. Кусогледноста и далекувидоста се двата главни проблеми кои се јавуваат најчесто кај луѓето.

Кусогледноста е заболување кое влијае претежно од надворешните фактори. Причините се лоша светлина за време на читањето, гледање пред компјутер и голема доза на стрес. Симптомите кои се манифестираат се замор на очите, главоболка, матна визија и друго. Далекувидоста се смета за болест претежно пристуна кај постарите и симптомите кои се јавуваат кај него се водени очи, главоболка, заматен лик, вртоглавица и брз замор.

За таа цел се сече малку кора од вишна. Добро се чистат 2 корења на магдонос и исто така се наситнуваат. Од кората на вишните се зема лажица и се меша со корените од магдоносот. Двете билки се ставаат во 800 милилитри вода и се варат на тивок оган 10 минути.

Готовата напивка се цеди низ ситна цедилка. Од неа се пие 3 пати на ден по 100 милилитри. Добро е да се пие пред консумирањето на храна. Третманот за секој е со различна должина. Тоа зависи од напредувањето на болеста. Може да го прекинете кога ќе одлучите дека сте ги постигнале посакуваните резултати.

Пред консумирање задолжително да се консултирате со Лекар.

Види

Дуњата е симбол на среќа и љубов – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 …