07.12.2023
Почетна / Градина / Вести / Живее на едно од најстудените места: Запознајте се со китовите еднорози

Живее на едно од најстудените места: Запознајте се со китовите еднорози

Природата продолжува да не восхитува со создаденото, а денес ќе се запознаеме со животното кое живее во едно од најстудените места на нашата планета.

Тоа е китот Нарвал, кој не е – најголемиот, не е ни најдобро – познатиот, но за сметка на тоа има нешто што другите животни го немаат.

Овој кит има еден огромен рог, кој го прави единствен во животинското царство. Овие китови живеат најмногу во северните делови на нашата планета, поточно над Гренланд и над поларните круг. Израстокот кој е лесно да се згреши со рог всушност не е точно рог.

Тоа е израсток од горен лев заб на животното и само машките имаат такви. За жал поради прекумерниот лов денес има околу 75 илјади примероци, кои се уште пливаат во коцките води на северот.

Види

Дуњата е симбол на среќа и љубов – Таа е витаминска бомба што има многу лековити својства

Дуњата (Cydonia oblonga) е единствениот вид од родот Cydonia. Таа е дрво, високо од 4 …