Почетна / Градина / Вести / Жива ограда која секој би ја посакал: Со фотинија заградете се на најпрефинет начин

Жива ограда која секој би ја посакал: Со фотинија заградете се на најпрефинет начин

Фотинијата „Photinia“ е популарна зимзелена грмушка со светли зелени лисја, а додека се млади пуштаат црвени ливчиња. Најпознат е “Црвениот Робин” (слика 1), кој често се сади како грмушка или во вид на украсно дрво.

Кај нас можете да ја најдете и купите од расадникот Хорти Експерт МК.

Таа може да расте во повеќето почви, дури и глина, меѓутоа на добро изгниена компос или ѓубриво. Повеќето видови може да толерираат кисели или алкална услови, но „Ph.beauverdiana“ и „Ph.villosa“ не се снаоѓаат добро во варовита почва.

Фотиниите не бараат многу големо градинарско одгледување, но затоа во текот на пролетта и есента бара кастрење за да се задржи формата на растенијата. Доколку се сади за жива ограда, може да се кастри и до три пати во годината. Така се повеќе се згусува и ќе испушта црвени пупки и ливчиња.

Бројни хибриди и сорти се достапни денес, но сепак се користат неколку сорти за неверојатните светло црвени млади листови во пролет и лето. Најмногу се садат „Ph. fraseri“, „Red Robin“, “Ph. Kasini”, „Photinia Redstart“

Некои сорти на Фотинијата се токсични и се должи на присуството на цијаногени гликозиди.Тие го блокираат клеточното дишење.

Види

Што ќе се случи кога ќе скршите јајце под вода?

Што ќе се случи ако скршите живо јајце под вода? Институтот за океанска наука од …