20.04.2024
Почетна / Градина / Жителите направиле куќички за маалските кучиња во Аеродром: Еве како општината реагирала

Жителите направиле куќички за маалските кучиња во Аеродром: Еве како општината реагирала

„Почитувани станари од Јане Сандански, почитувани надлежни општински инспектори, почитувани надлежни од општина Аеродром, денес се отстранети куќичките на маалски кучиња, од надлежни во општина Аеродром.

Кучињата беа оставени во нашето маало како бебиња пред неколку месеци, фрлени од неодговорен сопственик, кој секако никогаш нема да биде казнет.

Кучињата сите до едно се вакцинирани, редовно прочистени, и благодарение на донација токму од општина Аеродром за нивната стерилизација и стерилизирани. Сето ова сторено со многу љубов, грижа и волонтерски од страна на нас и останати соседи. Кучињата сметале, куќичките сметале, па станарите се побуниле, и се случило чудо надлежни да реагираат по основ нивната пријава и да ги отстранат куќичките.

Прашуваме, дали вака експресно, брзо и ефикасно ќе делува општината за сите останати поплаки од граѓаните кои живеат во неа? Дали вака брзо планирате да ги решавате проблемите со ѓубрето, бучавата, употребата на наркотични средства и шприцеви по парковите, демолирањето на клупите и гласната музика, фрлањето на отрови по парковите, убиствата на животните, дивоградбите и сомнително доизградените или изградени објекти на влијателни бизнисмени во општината?

Благодарение на вашата професионалност на дело и вршење на работата, сега кога доаѓа зима овие животни нема да имаат каде да се засолнат.

Средства сите да ги сместиме во пансион немаме, веќе самоиницијативно вдомивме,сместивме и спремаме за дом повеќе од 7 животни од таа околина кои сите до едно беа оставени од неоговорни сопственици и НЕ ПО СВОЈА ВИНА на улица.

Ги повикуваме градоначалникот Златко Марин и општина Аеродром, да донираат нови куќички за маалските миленици, доколку веќе постоечките не беа по вкус за угледот на општината и јавните површини, а со тоа и на дело да ја докажат својата хуманост, која ја гледаме од нивна страна на социјалните медиуми.“

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …