26.04.2025
Почетна / Градина / Вести / Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)

Жен-шен (Panax ginseng СЕ. Mey)

Жен шенот расте во листопадни и четинари шуми. Пренесен е од Кина и Северна Кореја. Корисен дел на растението се корените.

Во својот хемиски состав содржат тритерпенови гликозиди, етерични масла, сесквитерпени, виши масни киселини, глицерин и др. Жен шенот го отстранува заморот и ја зголемува физичката и менталната работоспособност.

Ја стимулира функцијата на надбубрежните жлезди и ја зголемува активноста на тироидната жлезда.

За добивање на оптимален ефект од големо значење е администрираната доза, бидејќи при несоодветни дози можат да се добијат спротивни ефекти.

Во народната медицина жен-шенот се употребува за борба против стареењето, заморот и половата слабост. Се смета дека има одреден тераписки ефект при анемија, шеќерна болест, болести на црниот дроб и исцрпеноста.

Одлично делува врз менталната и физичката преумореност, при импотенција, при стресни ситуации, за подготовка при екстремни услови на живот (нуркачи, космонаути и др.), и за вкупно зајакнување на организмот. Мало парче од коренот (колку пченкарно зрно) се џвака до потполно распаѓање 3 пати на ден пред јадење.

Види

39% од пеперутките и 9% од птиците исчезнале од европскиот континент

Без итна акција во следната деценија, Европа нема да може да се справи со климатските …