28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Зголемен интерес за ИПАРД 2

Зголемен интерес за ИПАРД 2

На првиот оглас од ИПАРД 2 програмата зголемен е интересот на земјоделците за користење на парите од Европскиот претпристапен фонд. За разлика од претходните години кога најмногу се аплицираше за обнова на механизацијата, сега се бара ко-финансирањата на инвестиции за обновливи извори на енергија и за развој на рурален туризам. Огласот ќе трае до 23-ти јуни, објави МРТВ.

Наместо досегашните 50, односно 55 проценти, стапката на кофинансирање во првата мерка за инвестиции во земјоделските стопанства, може да се зголеми и до 70 отсто во планинските подрачјата со ограничени можности.

Зколемениот интерес е и поради новината со која во ИПАРД 2 како прифатлив сектор за инвестирање влегуваат и житните култури и инвестирањето во обновливи извори на енергија. Дел за сопствено користење на енергијата, а дел за нејзина продажба.

ИПАРД 2 програма има на располагање околу 60 милиони евра Европски пари на кои се додаваат и дополнителни средства од македонскиот буџет.

На земјоделците и бизнис операторите кои ќе користат средства од оваа програма им стојат на располагање и Гарантниот фонд за покривање на дел од хипотеката за земениот кредит, субвенции за покривање на трошоците за половината од банкарските камати и готови бесплатни типски проекти за фарми.

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …