Почетна / Градина / Вести / „Зелена нафта“ за 55.000 производители од земјоделството

„Зелена нафта“ за 55.000 производители од земјоделството

На предлог на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство, Владата вчера ја донесе Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2019 година која има за цел да обезбеди стабилно производство на квалитетна и поевтина храна и обезбедување на населението со доволни количини храна, зголемување на конкурентната способност на земјоделството и обезбедување на стабилно ниво на доход на земјоделското стопанство, како и одржлив развој на руралните подрачја, и оптимално искористување на природните ресурси со почитување на начелата за заштита на природата и животната средина.

Оваа програма ја вклучува и мерката „Зелена нафта“ со која се опфатени 55.000 производители, а предвидува од буџетот на оваа програма да се покријат 30 проценти од трошоците за набавка на гориво за земјоделската механизација.

Види

Кумановец си ја шета свињата низ улиците и булеварите на градот (ФОТО+ВИДЕО)

Кумановец редовно изминатите недели си ја шета својата свиња по улиците во населбата „Гоце Делчев“, …