Почетна / Градина / Вести / Зелена гноидба, малчирање и површинско компостирање

Зелена гноидба, малчирање и површинско компостирање

Основата на зеленчуковата градина е зелената гноидба. Тоа значи дека треба наменски да се посадат растенијата кои растат брзо, додека пак со своите длабоки корења го прават тлото ронливо. Мешунките го поврзуваат азотот од воздухот во земјата. Растенијата кои растат бујно го спречуваат ширењето на плевелот, го засенуваат тлото и на тој начин го спречуваат испарувањето на водата и со тоа создаваат поволна микроклима за функционирањето на микроорганизмите. Некои од растенијата за зелена гноидба се одлични како храна за пчелите (facelia). Кога растенијата ќе израснат, треба да се покосат и смешаат назад во тлото. Тоа може да се направи било каде, во зависност од тоа што се сака да се посее на одредена локација.

Мешавини и растенија за зелена гноидба

– BIOVRT

– FACELIA

– Мешунки кои го обогатуваат тлото со азот: детелина, грав, грашок, леќа.

– Мешунки кои бујно растат (полни со органска маса) во ронлива почва (голем состав на корења): горушица (Sinapis alba), роквица (Raphanus sativus), репа (Brassica napus).

– Невен (Tagetes), која е исто така здраво за тлото (ги отстранува нематодите)

Малчирање

Посебно растение за зелена гноидба е спанаќот! Него е потребно да се засаде на пошироко растојание низ целата градина рамномерно. Тоа би било најдобро за тлото, корените лачат сапонини, кои влијаат поволно врз растот на растенијата. Имено, спанаќот доколку се користи за храна треба да се пресече додека е млад. А за здрава градина може да се сече било кога (корењата се оставаат во земјата) додека пак треба да се покријаат со земја. тоа се вика малчирање. освен спанаќот за малчирање можат да се искористат и многу други здрави растенија, како што се: некои видови на треви, градинарски плевел, коприва, и други. Предностите на овај процес се:

– Во тлото се задржува топлината и влагата што влијае на поволната микроклима (што повеќе микроорганизми, толку повеќе хранливи материи)

– Тлото се заштитува од јаки дождови, ветришта (пресушувања) и силно сонце

– Тлото останува тресито со што нема потреба од многу копање

– Подобро е да тлото не ја губи својата влага, помалце треба да се наводнува

– Подобро плевелот да се гуши во земјата, помалце ќе треба да се расчистува

– Подобро е микроорганизмите интензивно да делуваат, така помалку ќе треба да се гнои

ПОВРШИНСКО КОМПОСТИРАЊЕ

Познато е таканареченото површинско компостирање каде зелените делови на растенија ги закопуваме во тлото, со што ја забрзуваме нивната разградба.

Види

Зошто кога сечеме кромид ни солзат очите?

Главен причинител за тоа се клетките на кромидот кој голема количина на сулфурни елементи. Кога …