Почетна / Градина / Вести / Заштита на коскестото овошје од појава на Монилија со метеобот

Заштита на коскестото овошје од појава на Монилија со метеобот

,На територијата на Македонија, коскестите овошни видови се наоѓаат во различни фази на цветањето, во зависност од видот, асортиманот, локацијата и експозицијата на теренот.

Регистрирани се фази од формираните цветни пупки до прецветување. За време на периодот на цветање на коскестото овошје и во услови на влажност , може да се појави инфекција на цветот со габа која што предизвикува сушење на цветовите и гранките (Monilinia laxa).

Ако веќе се појави инфекција, невозможно е да се спречи развојот на симптоми со употреба на фунгициди, и затоа е потребно е да се превземат превентивни мерки.

Проблемот е што во 99% неможе точно да се одреди периодот кога настанала инфекцијата.

Со помош на агрометеоролошката станица Meteobot® и софтверот за прогноза на болести, земјоделците знаат точно кога ќе се појави инфекцијата, со каков интензитет ќе биде и колку ќе трае.

Како пример ќе користиме реална ситуација со агрометеоролошка станица која што е поставена во Валандово.

Во софтверот, односно во моделот за прогноза на болести имате подесување каде што секој корисник внесува датум за : појава на првите лисја, почеток на цветање, зреење на овошјето, како и времетрањето од почеток на цветање до зреење на овошјето.

На сликата бројките и датумите се произволно земени за да покажат како приказ.

За почеток на цветањето го имаме земено датумот 02.04.2020 година, тоа е фаза каде што коскестото овошје е осетливо на можноста за појава на монилија.

Периодот од 02.04 до 09.04 е периодот кога можат да се појават габичните инфекции и да предизвикаат заболување.

Графикот на моделот за прогноза на монилија е составен од 3 дела, од кои 2-та се најважни.

На првиот дел се прикажуваат кога климатските услови се исполнети за можна појава на монилија.

На вториот дел е прикажана осетливата фаза за можна појава на монилија, која што започнува со почетокот на цветањето, и појавата кога имаме инфекција.

За да се имаме појава на монилија потребни се 2 услови истовремено да се поклопат и тоа климатските услови за појава на инфекција и периодот на цветање.

На графикот гледаме дека во периодот од 25.03 до 31.03 биле исполнети климатските услови за појава на монилија, но растението не било во фаза на цветање и тогаш нема остварено инфекција.

На 02.04 започнува цветањето, а веќе на 03.04 повторно се исполнуваат климатските услови за појава на инфекција а со тоа имаме и појава на силна инфекција која што ќе услови и појава на монилија.

Најважно е што сите корисници, 10 дена однапред знаат кога би биле исполните климатските услови за појава на инфекција како и времето, интензитетот и времетраењето на инфекцијата за појава на монилија.

Ако на тоа се додаде дека имате и сервис за 10 дневна временска прогноза, вие имате доволно време да си ги организирате сите агротехнички активности за заштита од монилија.

Секогаш ќе бидете пред болеста, бидејќи голем недостаток на пазарот се и срества за заштита кои што имаат лекувачко дејство.

Во просек 35% од уништениот род се должи на задоцнета заштита.

​Нашата цел е да се користи заштита само кога треба.

АПЛИЦИРАЈTE ПРЕКУ ИПАРД МЕРКА 1 MK🇲🇰 EU🇪🇺

Meteobot® aгрометеоролошка станица со комплетна документација

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …