19.04.2024
Почетна / Градина / Заштедете енергија во домот со правилно дизајнирана градина

Заштедете енергија во домот со правилно дизајнирана градина

Повеќето сопственици ги уредуваат своите дворови за да добијат убавина, вредност на имотот, удобност.

Паметното уредување, помага и да заштедите на сметките за енергија, така што во текот на летните денови, седејќи под едно дрво на сенка нема да имате потреба од клима или вентилатор.

Исто така и тревата доста допринесува за повеќе свежина. Земјоделците ги користат дрвјата како спречувачи на ветерот со векови наназад.

Американското Министерство за енергетика проценува дека дрвјата околу домот можат да ја заштедат потрошувачката на енергија до 25 проценти. При овој чекор, потребен е правилен избор на дрвја како и избор на позиции за садење на истите, се со цел да се спречи влегувањето на сончевата светлина во домот.

Оваа тема е премногу обемна, но што и да се решите да превземете имајте на ум дека поголемите дрвја и грмушки се покажуваат како поефективни.

Доколку се решите за дрвја кои би го спречувале влезот во вашиот дом, можете да засадите согласно вашите потреби. Зимзелените дрвја би го спречувале влезот на сонцето преку целата година, а листопадните во текот на зимата би дозволиле влез на сонцето и евентуално зголемување на температурата во домот во текот на тој период од годината.

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …