05.07.2022
Почетна / Uncategorized / Засадени 5000 дрвца во регионот на Свети Николе

Засадени 5000 дрвца во регионот на Свети Николе

Вработените на Комерцијална Банка АД Скопје засадија нови 5000 дрвца во регионот на Свети Николе, во близина на селото Орел. Акцијата за пошумување се оддржа во саботата, а истата беше организирана од Балкан Прајм, агенцијата која на македонската јавност и е позната по платформата за патување Кајак.мк. Ваквите акции на кои може да учествуваат сите домашни и странски компании се дирекно поддржани од јавното претпријатие „Национални Шуми”.

Александар Илиќ, кој е Претседател на Синдикалната организација при Комерцијална Банка, вели дека ваквите настани треба да бидат традиција која ќе се почитува секоја година. Според него, со пошумувањето се разубавува изгледот на регионот, а од друга страна пак ваквите акции обезбедуваат здрава иднина на сегашните и идните генерации. Александар вели дека со ова сакаат да ги мотивираат и другите компании да се вклучат на ваков тип на тим-билдинзи кои се општествено корисни за цела нација.

Ваквите акции за пошумување се доста актуелни изминатот период. Доколку погледнете на Кајак.мк, ќе забележите дека се повеќе компании се одлучуваат да реализираат тим билдинг патувања преку кои своите вработени ќе засадат дрвце како дел од битката против глобалното затоплување и сушата.

Идејата за организирање на вакви еко тим билдинг патувања за домашни и странски компании, доаѓа непосредно по пожарите кои зафатија огромни површини шума во текот на летниот период. Организаторите велат дека ваквите настани, имаат позитивно значење врз туристичкиот сектор и животната средина.

„На тим-билдинг настаните кои ги организираме, го ангажираме локалното население да има своја активна улога. Секој поединец кој дирекно или индиректно е вклучен во туристизмот за нас е локален херој кој прави мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот и истиот заслужува да биде поддржан од наша страна, вели Ленче Андоновска и додава дека тоа ги прави нивните тим-билдинг настани поразлични.

Според неа, ова е новата ера на тим билдинг патувањата кои се организираат преку Кајак.мк. Причината поради која компаниите се одлучуваат да се препуштат на нивна организација е свесноста на самата компанија дека ќе даде поддршка на повеќе сектори и ќе го мотивира локалното население во регионот каде што се оддржува настанот да се вложи во својот занает, професија или животна пасија.

Ние како млади и амбициозни туристички работници се одлучивме да им дадеме поддршка на сите млади и стари, нови и познати локални мештани кои целиот свој живот го заработувале лебот од туризмот, вели Лечне Андоновска. Од друга страна пак, со самите акции за пошумување сметаме дека имаме двострана добитна комбинација, како за природата така и за приватниот сектор, додава таа.

Ваквите настани ќе продолжат да се спроведуваат во месеците кога може да се реализира ефикасно пошумување, а организаторите ги покануваат комапниите, да се вклучат на нивното еко семејство и да бидат дел од листата на Кајак.мк како компании херои кои дале поддршка на локалното население и на екологијата. 

Види

Се поплави дворот, а потоа ја отстрани решетката. Видеото има импресионирано милиони луѓе!

Видео клипот кој беше направен минатата година е повторно хит овие денови. Во видеото ќе …