18.08.2022
Почетна / Градина / Вести / Запознајте ја Лиса, новата женка рис што ќе носи околувратник!

Запознајте ја Лиса, новата женка рис што ќе носи околувратник!

Запознајте ја Лиса, новата женка рис за годинава што ќе носи околувратник! На 24 февруари 2020 година рисаџиите од Македонското еколошко друштво (МЕД), заедно со претставници од Националниот парк „Маврово“, успешно заловија уште една единка од таинствениот балкански рис на планината Бистра спроти с. Ростуше.

Се утврди дека се работи за рисица на возраст 6–7 години, тешка 15 kg.

Оваа дама е во одлична здравствена состојба, а тоа го потврдуваат и првите наоди на терен од плен – срна, само три дена по заловувањето.

Види

За лекување на карцином помага црн боз

Црниот боз е исклучително корисно растение. Растението црн боз има кичесто жолто-бела боја и цвета …