Почетна / Градина / Започна октомвриската овошна акција во Фоја: За купени 2 овошки, третата ја добивате гратис

Започна октомвриската овошна акција во Фоја: За купени 2 овошки, третата ја добивате гратис

Агрометеоролозите велат дека неделава има идеални услови за садење на овошки и лозја.  Дневните температури во текот на неделава од околу 15 степени ќе овозможат и загревање на површинскиот слој на почвата а со тоа и нормален развој на вегетацијата. Инаку веќе започна и октомвриската овошна акција во Градинарскиот центар Фоја. Со нивната понуда за купени 2 овошки, третата можете да ја добиете гратис.  Садниците се контејнерски, со добро развиен корен погодни за пресадување.

Садењето рано наесен има предност од пролетното садење поради што, посадената садница има поволни услови за зацврстување во земјата и обнова на оштетениот коренов систем, земјата е сеуште топла и влажна, па одма почнува порастот на кореновиот систем, на местото на оштетувањата на кореновиот систем, раните зарастуваат, се развиваат и калуси од кои се продолжува растот на нови коренчиња.

Види

Храна која доведува до предвремено стареење

Шпанскиот нутриционист Хелен де ла Фуенте Хидалго откри како да се избегне предвремено стареење. „Кога …