29.03.2024
Почетна / Uncategorized / Замија (Zamia)

Замија (Zamia)

Замијата (Zamia) е едно од најретките растенија на Земјата. Во природни услови може да се сретне во некои области во Мексико и јужниот дел на Флорида. Потекнува од семејството „Cycadaceae“.

Овој род вклучува околу дваесетина голосемени растенија, кои се ретки, а воедно се и едни од постарите видови кои датираат пред неколку милиони години.

Кај нас претежно се сретнува „Zamia pumila“ која има кожесто перести листови. Покриени се со дебел восочен слој со кој се овозможува намалено испарување на влагата. Таа е дводомно растение т.е. има машки и женски претставници кои треба да се опрашат, за да се добијат семиња.

Во домашни услови Замијата цвета многу ретко, а за добивање семе се многу мали шансите. Расте бавно, но со добро одгледување може да достигне височина од околу 1 метар.

Бара светло, но да не биде директно изложено на сонце во топлите денови. Не смее да се чува пониско од 10 степени, а најдобра температура е 18-22 степени.

Во текот на летото е потребно да се полива така што земјата ќе биде постојано влажна, но не премногу бидејќи може коренот да изгние и пожолтат листовите. Замијата сака висока воздушна влажност и затоа се препорачува пулверзирање, а лисјата да се мијат со топла вода. Се пресадува на секои 4 години.

Види

Градинарство во Зима

Со оглед на последните временски заладувања ќе се потрудиме да ви понудиме неколку совети како …