19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Заменик-министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство се сретна со дел од производителите на лубеници кои имаат проблем со откупот

Заменик-министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство се сретна со дел од производителите на лубеници кои имаат проблем со откупот

Заменик-министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Власте Димковиќ се сретна со дел од производителите на лубенци кои имаат проблем со откупот.

Се работи за земјоделци имаат нерешни имотно правни односи, поради не не ги исполнуваат условите за дополнителната субвенција од два денари за килограм продадени лубеници кај регистрирани откупувачи, што на почетокот на месецот ја донесе Владата на Република Македонија.

Сепак, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе им излезе во пресрет и ќе им помогне во решавање на проблемот со откупот.

Како Министерство, веднаш стапивме во контакт со откупувачите и уште од утре тие се подготвени да откупат одредени количини лубеници. Со производителите што присуствуваа на средбата договорено е да направат список, кои земјоделци се најзагрозени и треба да имаат приоритет при откупот. Министерството ќе ја прати состојбата на терен. Порачуваме дека Владата на Република Макаедонија ќе биде континуирана во делот на интервенциите и решевање на проблемите во земјоделството, тогаш кога ќе биде потребно.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …