18.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Задолжителна храна за имунитет

Задолжителна храна за имунитет

Загадувањето на воздухот, нездравата храна и премногу стрес остават белег врз здравјето. Експертите ја препорачуваат следнава храна за зајакнување на имунитетот. Ставајте ја редовно во секојдневното мени, советуваат експертите.

спанаќ

Во спанаќот се крие вистинско витаминско богатство. Тој содржи витамин А, витамин Б2, витамин Б6, витамин Ц, витамин К и витамин D. Колку многу витамини! Покрај тоа, тој е богат со антиоксиданси, фитонутритиенти, протеини, омега-3 масни киселини и калциум. Не случајно спанаќот е рангиран меѓу најкорисните пролетни зеленчуци.

лосос

Лососот е извор на протеини, витамин D, витамините Б и омега-3 масни киселини. Штити од појава на рак, кардиоваскуларни проблеми, депресија и голем број на други болести. Препорачливо е да се консумира најмалку еднаш неделно.

ореви

Оревите се најкорисните јатки. За силен имунитет, сепак не е задолжително да се поткаснуваат ореви секој ден. За да го видиме ефектот доволни се само неколку дена. Оревите содржат многу витамини, омега-3 масни киселини и други хранливи материи кои се корисни за срцето и мозокот, го успоруваат развојот на Алцхајмерова болест и Паркинсоновата болест.

грав

Гравот има лептин, кој помага за намалување на апетитот. Тoj е богат со витамин Б, калиум, калциум и фолна киселина, кои се корисни за мозокот и кожата. Овие материи во гравot помагаат за намалување на крвниот притисок и штитат од мозочен удар.

боровинки

Освен што се вкусни, боровинките изобилуваат со фитохемикалии кои се користат за борба против разни болести. Боровинките се богати со флавоноиди и растворливи влакна кои се користат против рак, дијабетес, срцеви заболувања, чир на желудникот, висок крвен притисок. Боровинките помагаат и за намалувањето на лошиот холестерол, како и на тежината, го засилуваат умот и концентрацијата и носат здрави заби.

Види

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа особено попладне, ќе биде …