01.12.2023
Почетна / Градина / За што се користи глуварчето (Taraxacum officinale Web.)

За што се користи глуварчето (Taraxacum officinale Web.)

Глуварчето (Taraxacum officinale Web.) расте низ целата земја односно по ливадите, пасиштата, нивите, градините и парковите. Корисeн дел е целото растение заедно со коренот.

Во медицинската пракса се користат главно корените. Надземните дел на растението се собираат пред цветањето од мај до јули, а корените – по овенувањето на растението во септември.

Се суши на сенка или во машина за сушење на температура до 40° С.

Во својот хемиски состав содржи тритерпени, стероли и гумени материи. Корените содржат уште гликозиди, инулин, фенолни киселини и др., а лисјата и цветовите каротиноиди, флавоноиди, витамините Б2 и Ц, провитамин А.

Ја подобрува функцијата на желудникот и ја зголемува гастричната секреција, ја засилува цревната перисталтика, го подобрува метаболизмот, ја зголемува деноноќно количеството урина, го зголемува мајчиното млеко, го намалува холестеролот.

Околу 2 лажици ситно сечкани корени или листови се ставаат во 500 ml ладна вода. Киснат 8 часа. Се прецедува и се пие по 1 чашка кафе пред јадење 3 пати на ден. Пред употреба задолжителна консултација со лекар или фармацевт!

Види

Завршено хортикултурно уредување од Хорти Експерт на приватна куќа во централното скопско јадро

Враќањето на природата во градот, иако не е нова идеја, тоа е сè поголем императив …