Почетна / Градина / За растенијата на кисели земјишта

За растенијата на кисели земјишта

За да можете за себе да кажете дека сте успешен градинар, морате да знаете каков тип на земјиште поседувате и како да го искористите.

За успешен градинар не е пресудно дали е почетник или со искуство. Основно што треба да знаете е земјиштето и тогаш резултатите нема да изостанат.

Во многу дворишта типот на земјата претставува лимитирачки фактор за одгледување на растенија.

Ако не го познавате типот на земјиштето многу од нив ќе угинат, а во меѓувреме ќе потрошите и многу пари и многу време додека не откриете кои се видовите на растенија кои можат да успеат во вашиот двор. Она што треба да се знае е фактот дека “вратата” на успешен градинар ќе ви биде отворена откако растенијата што ги одгледувате ќе цутат од година на година.

Ако откриете дека земјиштето ви е кисело, ќе бидете изненадени колку можности имате. Рододендрони, Азалеи, Врес…   Доколку растенијата кои сакаат кисело земјиште растат на алкално, набрзо ќе станат жолти, поради холорозата, и ќе пропаднат.

Во зависност од раститетлниот вид, како и количината на калциумот во земјиштето, растенијата можат да угинат мошне брзо или можат да умрат бавно, така што на почетокот ќе изгледаат блескаво, а подоцна сосема ќе угинат. Тоа е затоа што железото во земјиштето се врзува со калциумот и станува непристапно за растенијата. Без овој нутритиент растението сигурно умира.

Прво што треба да се направи е да се одреди pH вредноста. Исто така, типот на земјиштето може да се одреди и така што ќе обрнете внимание на растителните видови во соседниот двор. Ако во него забележите Родондендрони, Азалеи идр. видови кои сакаат кисели земјишта, можете да претпоставите какво е и вашето. Доколку направената анализа на pH на земјиштето покаже вредност 5-6,5, тогаш вашето земјиште е со кисела реакција.

Погодни растенија за кисели земјишта:

Rhododendron видови и хибриди со цутење на пролет;

Azalea и тоа лиснодекоративни и што цветаат во рана пролет, и листопадни азалеи со цутење во доцна пролет;

Camellia со цутење во рана пролет, бара засен за добро цутење;

Magnolia бара длабоко и хумусно земјиште; Hydrangea, бара влажно земјиште во сенка; можат да растат и на варовно земјиште, но тогаш страдаат од хлороза, и ја менуваат бојата на цветот од сина во пинк;

Kalmia latifolia зимзелен џбун, погоден за сенка;

Cornus sp. приземен џбун, погоден за сенка;

Lithospermum sp., џбун со цутење во текот на летото; цветовите се сини;

Види

Трик: Како цвеќињата да ви цветаат подолго?!

Кога ќе ги купиме цвеќињата директно од цвеќара, тие секогаш се бујни, расцветани прекрасни… Но, …