18.04.2024
Почетна / Градина / За растенијата кои живеат на кисели земјишта

За растенијата кои живеат на кисели земјишта

Син мак, тој е перенски вид со извонредни цветови кои се оформуваат во доцна пролет или рано лето. Растенијата на киселите земјишта за успешен пораст бараат адекватна дренажа и соодветна влажност. Ако вашето земјиште е кисело и песочно, треба да му обезбедите повеќе органска материја. За тоа може да се користи некоја од листовките или тресет. Доколку вашето земјиште е алкално, тогаш растенијата кои сакаат кисели земјишта ќе ги одгледувате или во контејнери или во издигнати леи. Контејнерите ги полните со соодветен кисел супстрат. За формирање на издигнати леи можат да послужат тули или камен (се разбира не варовник). Обично издигнатите леи се до 25 см височина. Подготвената леа се полни со мешавина од кои било кисели компоненти. Ризла, хумус од лисја, градинарски компост, кисело глинено земјиште или тресет погоден за тоа.

Хемиското закиселување исто така претставува добар начин на зачувување на соодветен pH. Може да се користи Sequersten, прашок кој се меша со вода и се врши залевање околу растенијата. На овој начин е едноставно да се внесат нутритиенти кои им се достапни на растенијата. На овој начин внесените елементи не можат да се врзат за калциумот во земјиштето. На јако киселите земјишта може да им се ублажи реакцијата со употреба на калциум, да се третира површината на земјата зиме и да се пушти дождот и мразот да го внесат за вас. Зелјести растенија кои сакаат кисела реакција на земјиштето: Многу растенија ќе бидат среќни да растат на кисело земјиште возвраќајќи со изобилно цутење. Изберете растенија од родовите Lilium, Fritillaria, Astilbe, син мак, папрат.

Превземено од паноптикум

Види

Био храна која треба да се купува

Органските овоштија и зеленчук се омилени поради еколошкото потекло и недостатокот на штетни хемикалии. Специјалистите …