19.04.2024
Почетна / Градина / Вести / За осум дена завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци

За осум дена завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци

За осум дена односно на 10-март, завршува јавниот повик за мерката 113 „Поддршка за поттикнување на земјоделското производство“. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите млади земјоделци до 40 години во рамки на предвидениот рок да поднесат барања за финансиска поддршка за поттикнување на земјоделското производство. Оваа година финансиската поддршка е зголемена од 10.000 на 20.000 евра.

Оваа неповратна финансиска поддршка, младите луѓе ќе можат да ја искористат за зголемување на одржливоста на земјоделската дејност на нивните семејни земјоделски стопанства. Сите млади земјоделци што ќе конкурираат и ќе ги исполнат пропишаните услови, ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 20.000 евра.

Условот за користење на финансиската поддршката е, корисниците да бидат запишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, носителот на земјоделското стопанство да нема повеќе од 40 години на денот на поднесување на барањето за поддршка, и да не користело помош од мерката 112 Млади земјоделци. Со ваквиот критериум им се овозможува на сите оние кои не добиле финансиска помош од оваа мерка по претходниот повик, да можат сега да поднесат барања. За сите информации околу потребната документација и начинот на поднесување на барањата, заинтересираните лица можат да се обратат во Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Барателите на оваа поддршка потребно е да креираат електронско барање со податоци за локацијата на инвестицијата и електронски да ги прикачат понудата, деловниот план за предлог инвестицијата и истите на крај да ги испратат по пошта или да ги донесат лично во Агенцијата. Барањата и целата документација може да се најдат на веб страната на Агенцијата. Еден барател може да поднесе само едно барање за една мерка или најмногу две барања по различни мерки земајќи ги во предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој 2020.

Финансиската поддршка до 20.000 евра е наменета за млади, невработени лица кои сакаат да инвестираат во изградба, доградба и опремување на објекти за преработка од сите земјоделски гранки.

Види

(ВИДЕО) ПРИСТИГНА СНЕГОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ПЛАНИНИ: Студениот бран ја зафати цела Европа и регионот

Метео прогноза на Славчо Попоски: Студениот бран го зафати целиот Европски Континент, како и регионот, …