Почетна / Градина / Вести / За квалитетен род, навреме заштитете го расадот

За квалитетен род, навреме заштитете го расадот

Заштита на младиот расад од болести и штетници се врши секогаш превентивно. Заштита во расадопроизводството од болести и штетници во индивидуалното земјоделство претставува постојана грижа на стручните служби во рамките на програмираните мерки и пошироко од нив.

Таа обично се одвива преку давање совети изработка на посебни програми, одржување на презентации во однос на појава на одредена болест во поширок спектар од поединечно па се до групно запознавање и за превземање на одредени заштитни мерки.

Со таквиот начин на работа стручните служби во голема мера даваат голем придонес за намалување на штетите по области и култури.

Со редовното вршење на дијагностицирање на оболувањата и штетниците и следење на нивниот развој благовремено се запознаваат индивидуалните производителиза заштита на растителното производство од напад на болести и штетници. Полегнувањето на расадот или топење (Pythium debarianum,Fusarium spp. ,Sclerotinia spp., Phythophtora spp., rhisostonia solanum и др.) , тоа се габични заболувања кои најчесто се појавуват во расадот во топли леи кај пиперката, доматата, краставицата и др. култури но Pythium debarianum е најчест причинител за полегнувањето, топењто на расадот.

Се пренесува преку растителни остатоци, како и во густ склоп од расадот. Габата го напаѓа приземниот дел од стеблото кој добива кафеава боја потоа омекнува и брзо пропаѓа, гние а растенијата брзо овенуваат и угинуваат. Болеста се пренесува и на здравите растенија а во леата се појавуваат голи и празни места.

На појавата на ширењето на болеста делува облачното време, зголемена влажност на почвата и на воздухот. Најосетлива појава на болеста е во фазата на поникнувањето и се препорачува превентивна заштита со дезинфекција на семето со фунгициди, проветрување на леите и умерено поливање.

Подготвено од Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството

Види

Кој зеленчук се сее прв – тие толерираат пониски температури

На почетокот на пролетта, веднаш штом може да се култивира почвата, првиот вид зеленчук се …