29.03.2024
Почетна / Градина / За „историското минато“ на градината

За „историското минато“ на градината

Најстарата градина, за која постојат податоци, е Кралската градина на Птоломеј Трети во Египет, датирана во вториот милениум п.н.е.

Со своите палми, винови лози и лотосови цветови, поставени во фонтаните и базените, градината била украс на храмот во Карнак и предизвикувала естетско уживање.

Во античка Грција, во 350 година п.н.е., Аристотел ги основал првите ботанички градини во Атина.

По смртта на Аристотел, за градините продолжил да се грижи неговиот ученик Теофрастус, кој во историјата е запаметен како прв проучувач на ботаниката.

Вавилонските висечки градини се познати како едно од 7-те светски чуда на стариот свет. Изградени во 7-от век, тие биле ремек-дело на асирскиот владетел Набукодоносор, кој ги создал во чест на својата жена Семирамида. Скалесто организирани на многубројните тераси, со својата убавина и монументалност предизвикувале восхит кај грчките историографи, чии записи се единствениот зачуван податок за постоењето на овие градини.

Ацтечките градини, кои се развиле одвоено од оние на стариот свет, содржеле колекции од организирано одгледувани флорални видови. Така, во 16 век, по шпанската колонизација, Франциско Фернандез, дворски физичар на Филип Втори, собрал материјали за природните ресурси на Мексико, кои во 1561-ва година биле објавени во научен труд.

Првата универзитетска ботаничка градина е формирана во 1621-ва година, во Оксфорд, Англија. Била наречена „Јавна физичка градина“, сочинета од 3.000 растителни вида, а еден век подоцна во неа бил поставен првиот стакленик за зеленилото неотпорно на ниски зимски температури.

Превземено од паноптикум

Види

Ако видиш смрдливка НЕ ЈА УБИВАЈ! Погледнете што значи тоа!

Ние веруваме дека на многу луѓе им пречат некои инсекти кои влегуваат во вашиот дом, …