25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Wi – Fi ги убива растенијата

Wi – Fi ги убива растенијата

Wi – Fi е револуционерна технологија која Ви овозможува да сурфате на интернет без кабли, но научниците се уште не се сигурни во неговата безбедност.

Неколку студии покажале дека безжичната интернет конекција има врска со главоболката, намален квалитет на спермата и оксидативниот стрес. Ново истражување покажува дека во близина на рутерот не може да се развиваат растенија.

Неодамнешна студија спроведена од пет дански ученички посветено на Wi – Fi покажува дека безжичната радијација влијае на растенијата. Младите истражувачи забележале дека кога се будат до мобилни телефони, тие не успевале да се концентрираат на нивните лекции во текот на целиот ден. Со оглед дека Wi – Fi зрачењето е споредливо со емитувањето на мобилни телефони, тие користеле за своите забелешки рутер.

За експериментални цели биле користени шест саксии со растението Lepidium Sativum кои биле сместени во соба без зрачење, и во соба со Wi – Fi рутер.

Во текот на 12 дена, растенијата биле фотографирани и измерени. Резултатот – растенијата, кои биле во близина на рутерот, или не растат или страдале, за разлика од растенијата кои биле во просторија без зрачење.

Види

Колку ветерот може да биде од корист?

Ветрот е движење на воздухот од подрачје со висок притисок кон подрачје со низок притисок. …