Почетна / Градина / Вести / Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема – ХОРОР ВО КУМАНОВСКО! (фотографии)  

Вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема – ХОРОР ВО КУМАНОВСКО! (фотографии)  

Хорор во Кумановско – вреќи со убиени кучиња, медицинска опрема, по што е евидентно дека се убиени од медицинско лице (ветеринар); расфрлани во старата касарна (населба Карпош, меѓу жители на Куманово позната како Рајкова куќа). Наш активист е таму и полиција е веќе повикана и на лице место, соопштуваат од Здружението Анима Мунди.

„Грозоморно сведоштво и фотографии  на кои се гледаат мртви кучиња во вреќи, расфрлани во старата, веќе непостоечка касарна (населба Карпош), запустено, изолирано место каде речиси нема никаква фреквенција на население.
Кучиња во вреќи и некои надвор од вреќите, собрани во еден куп; куче кое делува дека барем кусо време било живо и се извлекло од вреќата за потоа да умре.
Кучиња со вкочанети вилици – кои укажуваат на насилна смрт; со канили во вените што укажува дека интервенирал ветеринар. Вреќи полни ѓубре, медицинска опрема и некакви си ќебиња, јоргани, кои не ги отвораме за да користат како материјален доказ за итна полициска истрага. Нема зборови кои се потребни да се дополни овој ужас толку монструозен и видлив за сите, сега преку овие фотографии.

ДАЛИ КУМАНОВО Е ЦРНА ДУПКА ЗА ЖИВОТНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ЦЕНТРАЛНО МЕСТО ЗА УБИВАЊЕ НА БЕЗДОМНИТЕ ЖИВОТНИ ВО ДРЖАВАВА?
ДАЛИ ВЕТЕРИНАРИ КОИ СЕ АНГАЖИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ да стерилизираат и ги обележуваат животните, ги убиваат бездомните кучиња? Во тоа уверуваат бројни активисти од Куманово но и други градови (Кочани, Берово, Пробиштип, Струмица, Делчево), градови во кои како извршител на програмата за хуман третман се води ветеринарната болница Тодор Велков. Граѓани на кои кучиња се заловуваат за потоа да им се губи секоја трага. ДАЛИ ОПШТИНСКИТЕ ВЛАСТИ ИМААТ ТАЈНИ, УСНИ ДОГОВОРИ ДА КУЧИЊАТА СЕ ЗАЛОВУВААТ, НО ПОТОА НИКОГАШ НЕ СЕ ВРАТАТ НАЗАД?

Располагаме со бројни сведоштва, бројни пријави се доставени до АХВ но никогаш не е превземено конкретно ништо!
ИНФОРМИРАМЕ дека ВО МОМЕНТОВ на лице место е наш активист и е повикана полиција како и инспектори на АХВ и БАРАМЕ итна и темелна истрага, најстрога ЗАТВОРСКА КАЗНА за сторителот/сторителите , како и ТРАЈНО ОДЗЕМАЊЕ НА ВЕТЕРИНАРНИТЕ ЛИЦЕНЦИ на ветеринарните лица, доколку се докаже вистина она што го добиваме како информација во континуитет“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Види

Зошто треба да јадеме спанаќ

Спанаќот (Spinacia) е род на растенија растенија од семејството на ротквица „Amaranthaceae“. Како лист зеленчук …