Денес низ земјава ќе започне да дува умерен до наместа и засилен јужен и југозападен ветер, што воедно ќе биде и најава за промената која допрва следи. Очекуваме локално удари на ветер и од над 80 км/ч. До крајот на денот ќе настапи и наоблачување кое до вечерните и ноќни часови ќе услови и врнежи најпрвин на запад а потоа и на повеќе места низ земјава. Врнежите ќе бидат од дожд а на планините снег.
Од вторник па во деновите потоа ќе имаме ново поизвесно ЗАЛАДУВАЊЕ со нов пад температурите, ова всушност ќе не потсети дека зимата се уште не е замината и не треба да се опуштаме многу во раните пролетни температури кои ќе ги имаме во следните два дена. Во текот следната седмица ќе биде ветровита, студена и доста променлива а ветерот ќе го смени правецот во северен. Повремено но локално ќе има и врнежи од снег, тро снегче ќе има и во дел од пониските места, но засега ништо претерано обилно. Следната седмица насекаде низ земјава минималната температура ќе падне под нула локално и под -10 С, дневните во повеќето делови ќе достигне и до околу па и под +5 С, на југоисток и до +7 С.
Временската прогноза ја подготви: Денис Мухович