28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Волци задавија овци во село Бигла

Волци задавија овци во село Бигла

Волци нападнаа стадо овци во подножјето на делчевското село Бигла. При нападот како што информира делчевецот Антон Антовски, две овци се раскинати од челуста на дивите животни, информира Делчево365.

-Нападот се случил во раните утрински часови. Нападнатите овци ги најдов денес во близина на стадата и цела среќа е што дивото животно успеало да изеде само две од овците. Не сум сигурен дали бил еден или повеќе волци, она што можеше да се види е распараната утроба на неколку места во близина на стадото, вели Антовски.

Делчевските ловџии велат дека во вакви ситуации со посебни дозволи се прават хајки на волци, кои биле чести во изминатиот период.

-Ловот сега е во мирување и ваквите случаи на хајки на волци ќе ги направиме при првата поволна прилика. Она што сега согласно законот за ловостипанска основа сме должни да го направиме е да извршиме прихрана за дивечот, за да не дојде до вакви ситуации, велат ловџиите.

 

Последната прихрана пред една недела ја извршија ловџиите од Македонска Каменица, додека слична активност се имаше и од страна на членови на ловното друштво ,,Острец” од Делчево.

Објавата на Антовски во продолжение:

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=2240804872882530&id=100008591166471

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …