Почетна / Градина / Водно било гола планина: Еве како се пошуми за краток период

Водно било гола планина: Еве како се пошуми за краток период

Ова е Водно во далечната 1920 година, а Скопје денес се протега токму во подножјето на оваа пуста долина.

Пред повеќе од шест децении, затвореници, адвокати, службеници, граѓани од сите општествени пори го пошумуваа Водно. Се работело деноноќно, биле преселувани цели села, се пренесувале гробови и се создавале нови населби, пишуваат од Шумарите.

Скопските хроничари се присетуваат дека веднаш по завршетокот на Втората светска војна, во 1946 година, затвореници од „Идризово“ биле испратени да почнат со пошумувањето на скопскиот рид.

„Тие дури и спиеја во зградите на Санаториумот на Водно, во малите ниски згради каде што сега се наоѓа Црвен крст. Во 1948 година, следуваат ударничките акции. Се агитирало меѓу граѓаните од сите слоеви, адвокати, службеници, трговци… На почетокот работеле единствено во саботите и во неделите, а потоа и секојдневно. Малку подоцна, во 1949 година, почнува агитацијата преку организациите на Народниот фронт низ сите скопски маала. Некои граѓани и по три месеци работеле на пошумувањето на Водно“, вели писателот и хроничар на Скопје, Данило Коцевски.

Види

Кои се добри, а кои лоши јатки?!

Целосна среќа сепак немате да јадете јатки колку што сакате, од кои сакате. Различните јатки …