28.03.2024
Почетна / Градина / Вести / Водите во Артикот стануваат се покисели

Водите во Артикот стануваат се покисели

Водите во Артикот стануваат се покисели поради емисиите на јаглерод диоксид, покажува најновото истражување, пренесува британскиот јавен сервис (BBC).

Научници од норвешкиот центар за меѓународно истражување на климата и животната средна (Center for International Climate and Environmental Researć CICERO) го следеле ширењето на хемиските промени на водите во тие области.

Како што велат тие, дури и сега да престанат емисиите на јаглерод диоксид, би биле потребни околу десет илјади години за да киселоста на северниот леден океан се врати на прединдустриското ниво. Научниците од CICERO предвидуваат големи промени во морските екосистеми, но засега неможе со сигурност да се каже што тие ќе опфатат.

Добро е познато дека јаглеродот-диоксид го условува глобалното загревање, но помалку е познато дека тој ја зголемува киселоста на помалку алкалните мориња кога се апсорбира од воздухот. Апсорпцијата е особено брза во студените води поради што Арктикот е најмногу осетлив, а со намалувањето на ледената маса во текот на летото изложеноста на јаглерод диоксид на површинската вода ќе биде уште поголемо. Состојбата дополнително ја влошува се поголемиот прилив на слатка вода од реките од топењето на мразот, бидејки слатката вода послабо го неутрализира ацидификацискиот ефект на јаглеродот диоксид.

Од крајот на 1960 година, истражувачкиот тим забележувал пад на pH-вредноста на морската вода за 0.2 на секои 10 години во водите во Исланд и Баренцовото море. Ефектите поврзани со ацидификацијата се откриени и на површината во Беринговиот проток и канадскиот залив на централниот Арктички океан.

Научниците оценуваат дека просечната киселост на површината на океаните во целиот свет, денеска е за 30% поголема отколку пред индустриската револуција. Научниците изјавуваат дека се поизвесна е голема промена на екосистемот на Арктикот, иако сеуште е рано да се каже што точно ќе се случува. Додека некои видови би можеле да бидат загрозени, други би напредувале.

Што се однесувата на рибите, научниците веруваат дека поголемите единки веројатно ќе бидат отпорни, но промените ќе го отежнат нивното оплодување.

Извор: weather4all.com

 

Види

Kаква тајна крие оваа глутница со волци?

Првите три волци кои одат по снегот се и трите најстари, најболни и најспори членови …