Почетна / Градина / Лек / Водената детелина ја намалува телесната температура

Водената детелина ја намалува телесната температура

Водената детелина (Menyanthes trifoliata L.) или уште мочуришен трилистник, горчивче, расте низ заблатени места, мочуришта, крај реки.

Корисен дел се листовите кои се берат за време на цветањето од мај до јули. Се сушат на сенка или во машина за сушење алишта до 40° С.

Во својот хемиски состав содржат горчливи гликозиди од иридоиден тип, флавоноиди, органски киселини, масти, и др. Дејствува антивоспалително, ја намалува телесната температура.

Околу 1 лажица од растението се запарува во 300 мл врела вода. Треба да отстои 1 час. Потоа се прецедува и се пие по 100 мл пред јадење 3 пати на ден. Внимание! Се препишува од лекар, поради опасност од труење!

Види

Лукот навистина има магична моќ: Еве 8 огромни придовки од него

Лукот навистина има магични моќи. Спречува настинки, уринарни инфекции и нуди многу придобивки за вашето …