Почетна / Градина / Лек / Вода со лимон за секојдневно здравје

Вода со лимон за секојдневно здравје

Експертите советуваат секој ден кога се пие вода, барем еднаш да се стави парче лимон или свеж сок од лимон. Половина исцеден лимон во чаша со вода, ви обезбедува доволно количество витамин C и го зајакнува имунитетот.

Лимонската киселина ја подобрува способноста на телото да апсорбира железо, кое е многу здраво за имунолошкиот систем. Експертите го препорачуваат лимонот и на жените во нивната борба со стареењето на кожата.

Освен тоа цитрусните овоштија содржат пектин, благодарение на кој долго време не се чувствувате гладни.

Тој е еден од најважните алкални хранива, кој ја балансира киселоста во организмот. Антисептичките својства на лимонот ги уништуваат штетните бактерии во устата, а сокот од лимон делува како средство за дезинфекција.

Високото ниво на калиум во плодот им помага на мозочните функции и го контролира крвниот притисок.

Лимонот во вода, исто така го намалува стресот и депресијата.

Пијалокот дејствува и како средство за прочистување на црниот дроб и бубрезите

Види

Зошто и за кого е корисно зеленото кафе

Зеленото кафе всушност не е ништо повеќе од неизпечени кафе зрна. Зеленото кафе е производ, …