24.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Во среда очекувајте снег

Во среда очекувајте снег

Од северозапад полека но сигурно ни пристигнува облачноста, која ни ја наговестува промената, во текот на вечерта и ноќта ќе продолжи зголемувањето на облачноста, како резултат на циклонот кој ни се приближува.

Па така во текот на утрешниот ден (среда) постепено нашето подрачје ќе започне да потпаѓа под влијание на циклонска активност од Медитеранот, што ќе донесе поголем прилив на облаци а со самото тоа и бран врнежи од дожд, на планините од снег. Врнежите позастапени ќе бидат во втората половина од денот и вечерните часови, кога преку ноќта према среда ќе започне да навлегува и продор на постуден воздушен бран.

Па толку поради сето ова во денот среда поголем дел од Македонија ќе биде под удар на циклон со додатен прилив на постуден бран што ќе резултира со значителен пад на температурите за повеќе од 10-13 степени, во однос на сегашните. Ова сето ќе биде проследено и со засилен северен ветер, па токму поради ова во добар дел од земјава врнежите од дожд, ќе преминуваат во врнежи од снег.

На планините и повисоките планински подрачја се очекува формирање на нова снежна покривка, а врнежи од снег ќе имаме и низ пониските места во Македонија каде може да дојде до мало или солидно формирање на снежна покривка. На планините и повисоките планински предели поради засилениот ветер изгледни се и снежни навеви. Дневниот температурен максимум ќе биде и под +10 степени.

НАПОМЕНА: Среда во добар дел од Македонија денот ќе биде речиси потполно ЗИМСКИ, бидејќи во многу краишта се очекува да врне снег.
И како и да е подгответе се за нова промена, и зимски услови за денот среда, зимата за жал се уште го нема кажано последниот збор. Наскоро нови детали.

Подготви: #DenisMuhovic

Види

Како да спречиш парадонтит?

На проблемите во усната празнина треба да се обрнува посебно внимание, бидејќи воспаленијата или кај …