25.04.2024
Почетна / Градина / Вести / Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо е безбедно

Во Шпанија нема африканска свинска чума, шпанското свинско месо е безбедно

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, денеска имаше работен состанок со амбасадорот на Шпанија во Република Северна Македонија, Емилијо Лорензо Сера.

На состанокот, амбасадорот Лорензо Сера, даде цврсти гаранции дека врз основа на анализите од шпанските надлежни институции, не е утврдено присуство на вирусот африканска свинска чума во ниту една фарма во Шпанија.

Овие информации се совпаѓаат и со известувањето од Светската организација за здравствена заштита на животните, во коешто се посочува дека во Шпанија не е регистрирана појава на африканска свинска чума.

Затоа, врз основа на сите овие информации, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Северна Македонија, не воведе и нема да воведе забрана за увоз на свинско месо од Шпанија.

Во заедничка комуникација и соработка со владите на Шпанија, Бугарија и Европската комисија, ќе се продолжи со истрагата што се случувало со пратката од свинско месо, во којашто од страна на АХВ беше утврдено присусутво на вирусот африканска свинска чума.

Види

ДЕТАЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО ЗА МЕСЕЦИТЕ МАЈ, ЈУНИ И ЈУЛИ: Очекуваме за степен до два повисоки температури од вообичаените – Но ќе растат условите и за временски непогоди

Метео прогноза на Славчо Попоски: Почитувани, редно е да излеземе со подолгорочна анализа на времето …