23.04.2024
Почетна / Градина / Во септември посадете нарциси и кринови

Во септември посадете нарциси и кринови

Во првите денови на септември во градината треба да ги засадите луковиците од нарцисите. Луковиците треба да бидат здрави, да не се меки, без дамки и други оштетувања.

Длабочината на садење на големите луковици треба да биде 15 сантиметри (на тешки почви – 12 cантиметри), а на поситните од 7 до 10 сантиметри.

Во дупката под луковиците, потребно е да ставите 3 сантиметри слој од песок. До крајот на првите десетина дена од септември не е доцна да ги засадите или презасадите луковиците на криновите.

Исечете им ги корените до 15 сантиметри, внимателно погледнете ја секоја луковица и ако забележите дамки, тргнете ја горната лушпа од нив и луковиците обработетеги со некој вид фунгицид.

Потоа засадетеги луковиците во лесна, добро наѓубрена и длабоко обработена почва на длабочина од 10 до 12 сантиметри за нискорастечките сорти и до 20 сантиметри за големите луковици и високорастечките сорти. Внимавајте, корените треба да се ставени со дупката, а на дното потребно е да ставите песок, исто како и кај нарцисите.Криновите можат да растат на едно место од 4 до 7 години.

Луковиците на овие цвеќиња од почвата се вадат секое лето и се садат на есен, откако температурата на земјатаќе се спушти и до 8-10 степени. Длабочината на садење на луковиците од прва класа е 12 сантиметри, а малите и ситни луковици, треба да се посадат на длабочина од 5-8 сантиметри. Ако почвата е сува, растенијата треба добро да се полеат со вода.

 

Види

Балканот „полуде“ по оваа билка: Носи десетици илјади евра заработка, а расте секаде

Аронијата во последно време стана исклучително популарна и барана, а според зборовите на експерите нашите …