Топлотните бранови кои ги зафаќаат деловите од нашите градини може да бидат дополнителна закана. Топлото време и високите температури за некој растенија делуваат многу полошо отколку студеното време и мразовите.
Кога на прогнозите за времето ќе слушнеме дека наидува топлотен бран, првото нешто кое треба да го направиме е да го подготвиме нашето растение да издржува топлина.
Потребно е преку ноќта добро да бидат навадени нивните корења во длабочина, така што растението ќе ја користи резервата од почвата. Покрај темелното наводнување за некој растенија е навистина тешко да ги апсорбираат хранливите состојки од ѓубривата, а тоа може да доведе до нивно горење.
Имајте на ум дека природните растенија се прилагодуваат многу подобро на повисоките температури од оние кои ви се дополнително насадени. Зеленчукот и другите засадени растенија во за време на овие топли бранови подобро би било да ги заштитите со сенки или доколку е можно да ги однесете на некој затворен простор.